Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар против ПСЖ и Брест Мешков, на силниот меѓународен турнир во Стразбур
Вардар против ПСЖ и Брест Мешков, на силниот меѓународен турнир во Стразбур

Вардар против ПСЖ и Брест Мешков, на силниот меѓународен турнир во Стразбур

Од 23-26-ти август, екипата на РК Вардар ќе учествува на силен меѓународен турнир во Стразбур. Екипите ќе бидат поделени во две групи, составени од по три екипи. Црвено-црните во групата ќе играат против екипите на ПСЖ и Брест Мешков. Во другата група се најдоа Монпелје, Нант и Веспрем.

Од самите учесници, говори за каков силен турнир се работи, кој ќе претставува силна подготовка за Вардар пред стартот на новата сезона. Интересно е дека на турнирот за прв пат ќе играме против Раул Гонзалез, кој знаеме дека е нов предводник на ПСЖ, а ждрепката на турнирот сакаше да играме против нив. Претходно црвено-црните ќе бидат дел од Хеиде Куп“, турнир во Германија, кој е закажан да се одигра од 10-12-ти август, откако претходно сигурно Вардарци ќе ги завршат главните подготовки, кои претходниве пет години се одржаа во Крањска Гора.