Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите во Златибор минимално поразени од Олимпија, Велковски одличен на голот спаси поголем пораз
Кадетите во Златибор минимално поразени од Олимпија, Велковски одличен на голот спаси поголем пораз

Кадетите во Златибор минимално поразени од Олимпија, Велковски одличен на голот спаси поголем пораз

Кадетите на ФК Вардар со пораз од екипата на ФК  Олимпија -Љубљана  го заврши настапот на „Куп на пријателство“ кој што се одржува во Златибор. Ривалите од Словенија во дуелот од последното коло не совладаа со минимални 1:0 (0-0).

Вардар: М. Велковски, Радевски, Тасев, Талевски, Ѓурковски, Д. Велковски, Благоевиќ, Младеновски, Пешевски, Петејчук, Бериша. Резерви: Тимевски, Наумчевски, Адем, Колевски, Димовски, Игнатов, Митревски. 

На полувреме и покрај неколкуте шанси на нашиот тим и изобилието од прилики на Словенечкиот тим  заминавме на пауза со почетните 0-0. Во овој дел како и во вториот на нашиот гол се истакна Методија Велковски кој спаси безброј шанси на противникот. Во вториот дел  единствениот гол падна во 63. минута кога Олимпија ги постави конечните 1-0. Од нашата група Еспањол заврши како првопласиран во групата со максимален број на бодови, па така шпанскиот тим со тоа се пласираше во полуфиналето на овој Куп.