Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Одбојка: Покрај во ЦЕВ Купот, Вардар сака да настапува и во „МЕВЗА“
Одбојка: Покрај во ЦЕВ Купот, Вардар сака да настапува и во „МЕВЗА“

Одбојка: Покрај во ЦЕВ Купот, Вардар сака да настапува и во „МЕВЗА“

Добриот менаџмент, заедно со амбициозните цели  донесуваат нови „ветришта“ за  одбојкарки клуб Вардар. Па така црвено-црните одбојкари на европската сцена покрај учеството во ЦЕВ Челинџ купот, во кој се единствен македонски тим кој се пријави по пауза од една деценија, тие  аплицираа за настап во Средноевропската одбојкарска лига (МЕВЗА) во новата сезона.

Апликацијата е доставена до Одбојкарската федерација на Македонија, а пак куќата на одбојката треба да ја проследни. Црвено-црниот тим имал  инспекција од  челниците на ова клупско натпреварување и сега само се чека финалното одобрување. МЕВЗА е лига во која настапуваат клубови од земјите од средна Европа, а постепено се шири и низ балканскиот полуостров.