Вардар имаше одлична сезона во Лигата на Шампионите успевајќи да ја освои и втората Европска титула. На завршниот турнир во Келн, црвено-црните најпрво во полуфиналето ја победија екипата на Барселона, а во големото финале беа подобри од Веспрем.
Малку недостасуваше, Вардар на крајот од сезоната да го има и најдобриот стрелец, ова признание за малку му „побегна“ на Даинис Кристопанс кој сезоната ја заврши со 94 постигнати голови, или само пет помалку од Алекс Душебаев кој заврши како прв. Што се однесува до ТОП-50 листата на најдобри стрелци во најголемото натпреварување, покрај Кристопанс место имаше уште и за четири други играчи на Европскиот Шампион.
После Кристопанс, највисоко котира Игор Карачиќ кој со 79 постигнати голови се најде на делба на 9.место, а оваа позиција ја дели со Генсхајмер (ПСЖ), Колбахер ( Рајн-Некар) и Ненадиќ ( Веспрем).
Веднаш после овие играчи, односно на 13.позиција се најде уште еден играч на Вардар, се работи за Тимур Дибиров, кој е единствениот ракометар кој имаше постигнато 78 голови, па сам осамна на ова место, додека неговиот соиграч од десната крилна позиција, Иван Чупиќ со 76 голови ја завзема 15.позиција. Место во ТОП-50 листата на најдобри стрелци има и за Сташ Скубе, кој со 59 погодоци ја дели 36.позиција заедно со уште некоку играчи, кои имат иста бројка на голови.