Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Митев заминува во МЗТ Скопје

Митев заминува во МЗТ Скопје

mitevТалентираниот 19-годишен Михајло Митев повеќе нема да биде дел од КК Вардар. Митев својата кариера ќе ја продолжи во шампионот на Македонија, тимот на МЗТ Скопје.

Митев важи за еден извонреден организатор на играта и пред се млад талент на македонската кошарка. Митев изминатава сезона беше еден од лидерите во тимот на Вардар. Овој играч исто така се најде на поширокиот список на новиот селектор на Македонија Давитков.