Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА!       ОДРЖАН ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН АТЛЕТСКИ МИТИНГ “ЛАЗО МИЛОШЕВСКИ”
АТЛЕТИКА!       ОДРЖАН ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН АТЛЕТСКИ МИТИНГ “ЛАЗО МИЛОШЕВСКИ”
Лазо Милошевски

АТЛЕТИКА!       ОДРЖАН ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН АТЛЕТСКИ МИТИНГ “ЛАЗО МИЛОШЕВСКИ”

                Во знак на сеќавање на легендата на АК “Вардар” и македонската атлетика, во саботата, на Арената “Филип II Македонски”, во организација на Атлетската федерација на Македонија, се одржа атлетскиот митинг “Лазо Милошевски”. Студеното и врнежливо време  не ги поколеба учесниците на митингот да се натпреваруваат, и да постигнат подобри резултати. Покрај атлетичарите и атлетичарките од нашата земја и земјите на соседството, можеа да се забележат и поранешните рекордери и истакнати тренери: Зоран Михајлов, Милош Буцевски, Крсто Серафимовски, Марина Михајлова Дамчевска, Митре Кичевски, Дејан Ангеловски…

                За ликот и делото на Лазо Милошевски, пред присутните зборуваше Зоран Михајлов, поранешен повеќекратен атлетски шампион и рекордер на Македонија и истакнат спортски новинар.

                На натпреварот се одржаа вкупно десет дисциплини:  пет во машка и пет во женска конкуренција. Најголем интерес владееше за Меморијалната трка на 400 метри, дисциплината во која Лазо Милошевски ги постигнуваше своите најдобри резултати во земјата и на меѓународен план. Првите три места им припаднаа на следните атлетичари:

  1. Астрит Круезиу (Косово) – 51,23
  2. Мустафа Хајдар (Косово – 51,70
  3. Марко Макај (Албанија) – 53,38
Крсто Серафимовски, претседател на АФМ, им предава медали и дипломи на победниците во меморијалната трка на 400 метри

Крсто Серафимовски, претседател на АФМ, им предава медали и
дипломи на победниците во меморијалната трка на 400 метри

Во останатите дисциплини, постиганати се овие резултати:

                100 M – жени:

  1. Ајше Халими (Студенти) – 12,66
  2. Јана Митовска (Работнички) – 12,71
  3. Мила Враниќ (Работнички) -12,96

100 м. – мажи:

  1. Али Шабани (Лириа) – 11,10
  2. Милан Вељковиќ (Куманово) – 11,16
  3. Александар Таневски (Работнички) – 11,38

800 м. – жени:

  1. Греса Вакрани (Косово) – 2:20,36
  2. Рената Соколовска (Делта) – 2:20,93
  3. Ејона Сифе (Албанија) – 2:31,91

800 м. – мажи:

  1. Муса Хајдари (Косово) – 1:58,99
  2. Астрит Круезиу (Косово) – 1:59,26
  3. Марко Макај (Албанија) – 2:00,75

400 м. – жени:

  1. Дрита Ислами (Работнички) – 1:01,71
  2. Рита Хајдини (Косово) – 1:02,33
  3. Ајше Халили (Студенти) – 1:03, 82

Далечина – жени:

  1. Мартина Мироска (Охрида) – 5,26 см.
  2. Бесијана Мустафа (Лириа) – 4,89 см.
  3. Рита Хајдини (Косово) – 4,76 см.

                Далечина – мажи:

  1. Али Шабани (Лириа) – 6,53 см.
  2. Митко Балабанов (Бугарија) – 6,53 см.
  3. Александар Таневски (Работнички) – 6,39 см.

Височина – жени:

  1. Бесијана Мустафа (Лириа) – 150 см.
  2. Соња Тимчевска (Куманово) – 140 см.
  3. Надица Јовановиќ (Карпош) – 1`40 см.

Височина  – мажи:

  1. Јованче Јовановски (Карпош) – 185 см.
  2. Никола Стојановски (Куманово) – 180 см.
  3. Никола Зарковски (Куманово) – 180 см.

Пишува за Вардар фанс: професор Мирослав Бошковиќ