Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ВИДЕО) Драгана Цвијиќ е една од трите најдобри ѕвезди во првото коло на ЛШ
(ВИДЕО) Драгана Цвијиќ е една од трите најдобри ѕвезди во првото коло на ЛШ

(ВИДЕО) Драгана Цвијиќ е една од трите најдобри ѕвезди во првото коло на ЛШ

Летово европскиот вицешампион доведе големо засилување на пикерската позиција. Се работи за репрезентативката на Србија и поранешен играч на Будуќност, Драгана Цвијиќ. Уште на стартот од сезоната, Цвијиќ покажува дека се работи за одличен играч и големо засилување за Вардарки. Таа имаше феноменална партија во првото коло од лигата на шампионите, во триумфот на Вардар против екипата на ФТЦ Будимшета (34:31). Цвијиќ заедно со Лекиќ беа најефикасни на мечот, постигнувајќи по 7 голови. Едноставно беше незапирлива и нерешлива енигма за противникот. Над неа беа направени фаули и за исклучувања, како и за удари од седум метри. Играше паралелно во напад и одбрана и може да се каже дека беше “мотор“ на екипата.

Нејзината добра игра беше препознаена и Цвијиќ се најде во трите најдобри ѕвезди во првото коло од лигата на шампионите. Во овој избор место имаше и за голманката на Ѓер, Ева Киш, како и за Лузумова од екипата на Турингер, која постигна 13 голови во победата против Ларвик.

Видеото со трите најголеми ѕвезди можете да го погледнете ТУКА.