Вардарки со победа ја започнаа новата сезона во лигата на шампионите, против екипата на ФТЦ Будимпешта во арената Јане Сандански. Иако во еден момент имавме и двоцифрена разлика, на крајот славевме со резултат 34:31. Сепак најважни се бодовите и гриумфот како мотив во продолжение од сезоната. Како и минатите сезони, така и оваа ЕХФ одбира најдобри пет голови и одбрани во ЛШ.
Во првото коло, место во најдобрите пет одбрани има за руската интернационалка во дресот на Вардар, Ина Суслина. Таа ја има петтата најдобра одбрана во првото коло од групната фаза. Суслина во последните 15 минути од мечот ја замени Лејно која претходно бранеше одлично. Но и Суслина се истакна со нејзините интервенции, каде спречи удар од седум метри и имаше одбрането два зицери, од кои еден се најде во ТОП-5 одбрани. И оваа сезона покажуваме дека нашите голмани ќе бидат главното “оружје“ во остварување на целта.
Видеот со најдобрите пет одбрани во првото коло, можете да ги погледнете на линкот, ТУКА.