Sunday ,13 April 2025
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Македонија поразена и од Луксембург на Европското првенство М18, Какруки повторно втор стрелец
Македонија поразена и од Луксембург на Европското првенство М18, Какруки повторно втор стрелец

Македонија поразена и од Луксембург на Европското првенство М18, Какруки повторно втор стрелец

Јуниорите го запишаа вториот пораз во рамки на групната фаза од Европското првенство (дивизија Б) што се одржува во Скопје.  По драматичниот триумф над Исланд во првиот натпревар следеше пораз од Холандија во вториот натпревар, а вчера нашите репрезентативци до 18 години запишаа пораз од Луксембург.

Натпреварот го отворивме самоуверено, а резултатската позитива растеше во наша полза. Пресвртот нашиот противник го направи во последниот период кога реализацијата не ни појде од рака, а со намалување на концентрацијата порасна и бројот на грешки. Кошаркарите на Луксембург знаеја како да го искористат тоа за да стигнат до нивниот прв триумф на ова првенство со 73-63.  Вардарецот Валмир Какруки одигра повторно одличен меч како стартер. Тој одигра 27:44 минути и повторно беше двоцифрен, тој постигна 16 поени. Повторно Андреј Данилов и Благој Димитриев  кои играат во оваа селекција имаа епизодни улоги на овој меч. 

Следи ден пауза за сите репрезентации, а потоа уште два дена за доигрување на натпреварите од групната фаза. На 2. август повторно нема да има натпревари по што ќе следи разигрувањето за пласман.