Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар со убедлива победа го завршија турнирот во Фоча
Кадетите на ФК Вардар со убедлива победа го завршија турнирот во Фоча

Кадетите на ФК Вардар со убедлива победа го завршија турнирот во Фоча

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар со победа го завршија силниот меѓународен турнир во Фоча и на тој начин го освоија седмото место на истиот. Утрово избраниците на Златко Таневски во борбата за седмото место убедливо ја совладаа екипата на Тијанџин која доаѓа од Кина, со резултат од 6:1.

vardarfans-tanevski

Вардар: Андов, Ѓурковски, Манасиевски, Митревски, В. Мирчевски, Андоновски, Ристовски, Миленковски, Игнатов, Зендели, Божиновски.

Голеадата на овој дуел ја отвори Леонид Игнатов кој го отвори резултатот на 1:0. Следеше погодок и на, Берат Зендели, што значеше зголемување на водството на 2:0. Вардар имаше голем посед на топката и постојано го напаѓаше противничкиот гол. Таквата игра ја крунисавме со уште еден гол, прв на дуелот и за Давид Ристовски, за зголемена предност од 3:0. До крајот на првиот дел гол и за Тијанџин, кој на крајот од натпреварот се покажа и како единствен за намалување на 3:1, резултат со кој се замина на одмор.

Во второто полувреме, Вардар постигна уште нови три голови во противничката мрежа. Во листата на стрелци се запиша и Виктор Мирчевски, за предност од 4:1. Втор гол на мечот за Леонид Игнатов, што значеше зголемување на 5:1, за конечниот резултат од 6:1 да го постави Хиџрет Рушити.

Во игра на натпреварот влегоа уште и Алдин Цури, Теодор Мирчевски, Матеј Величковски, Дамјан Бојковски и Хиџрет Рушити.

На турнирот одигравме вкупно три натпревари, на кои забелажвме два порази и една победа.