Македонската репрезентација до 18 години во машка конкуренција го освои 18. место во Дивизија Б на Европското првенство кое се одржуваше во Скопје во периодот од 27. јули до 5. август. Ние одигравме осум дуели на кој победивме само три, во редовите на Македонија најистакнат поединец беше играч на КК Вардар, Ваљмир Какруки.
Тој одигра одлично првенство, беше лидер во поголем дел од истото на црвено-жолтитот тим. Дуелите ги почнуваше како стартер, доби и ја оправда довербата. На овој шампионат беше прв стрелев на македонскиот национален тим со постигнати 99.поена на сите натпревари. Односно во просек имаше 12, 40 поени по дуел со што е број еден во нашиот табор. Исто така и во друга категорија имаше одличен ефект, тој има просек од одлични 8,5 скока по натпревар што е втор најдобар параметар во селекцијата. Што е 8-ми најдобар скор од сите играчи од 24 тима кои настапија на ова првенство. Зад себе во категорија асистенции има 0.8 по одигрна дуел.
Покрај него настапија на ова првенство и уште двајца Вардарци тие ги имаат следните постигнувања. Андреј Данилов има просеци: поени 4.70, скокови 2.90 по дуел и 0,7 асистенции по меч. Третиот вардарец Благој Димитриев има 2,10 поени по меч, 2.10 скокови во просек и 0,7 асистенции по одигран натпревар.