Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардарки слободни ова коло, потоа предизвик ни е Струга 2009
Кошарка: Вардарки слободни ова коло, потоа предизвик ни е Струга 2009

Кошарка: Вардарки слободни ова коло, потоа предизвик ни е Струга 2009

Во ова 3.коло од вториот круг кој се игра во женската кошаркарска лига овој викенд тимот на ЖКК Вардар е слободен. Ние поради фактот што има непарен број екипи во лигата ова коло сме без ривал и ќе одмараме. Следното коло на програмата е идниот викенд и во него сме домаќини на тимот на Струга 2009.

Вардарки кој оваа сезона во Купот повторно се надминаа и успеа да го победат силниот тим на Бадел 1862 со што го одбранија куп насловот во лигата се втори. Ние имаме ист број бодови, по 18 бода со лидерот Бадел кој има меч помалку одигран до сега. Зад нас е екипата на Пелистер која има три победи помалку од нас. Повеќе од очекувано е дека ние ќе имаме поволна позиција, веднаш зад лидерот пред плеј-оф разигрувањето за титула на крајот од вториот дел.