Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Битигхајм без Роземален која ни даде седум голови на првиот дуел
Битигхајм без Роземален која ни даде седум голови на првиот дуел

Битигхајм без Роземален која ни даде седум голови на првиот дуел

Германскиот претставник, тимот на Битигхајм и во Скопје дојде во скратен состав, повторно во нивниот ростер ќе недостасуваат голем број на ракометарки поради повреди.

Денеска тренерот на Битигхајм ќе има на располагање само десет ракометарки од кои две се голманки, значи денешниот противник ќе може да менува само две ракометарки во одбраната и нападот. Дополнителен проблем е и тоа што нема да настапи Карис Роземален, холандскиот десен бек, која на првиот меч во Германија беше најдобра на теренот, со седум погодоци.

Очекуваме сигурни бодови на Вардар на денешниот дуел и запечатување на првата позиција можеби уште овој викенд.