Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Од 1-ви до 20.јуни е летниот преоден рок во МКЛ, Вардар го зачувава целиот ростер
Куглање: Од 1-ви до 20.јуни  е летниот преоден рок во МКЛ, Вардар го зачувава целиот ростер
ВИЦЕ-ШАМПИОНИ 2017/18Г

Куглање: Од 1-ви до 20.јуни е летниот преоден рок во МКЛ, Вардар го зачувава целиот ростер

Kaко што известија утрово од Кугларска федерација на Македонија за клубовите учесници во Македонската кугларска лига, летниот преоден рок почнува на 01.06.2018, а завршува на 20.06.2018 во 12часот. Истиот ден во 13-00 часот регистрациона комисија ќе оддржи состанок, каде ќе ги верификува примените материјали.

Во црвено-црниот табор се очекува задржување на целиот моментален росер кој го има на располагање кормиларот Драги Димитровски и со кој дојде до вице-шампионската титула во МКЛ. Покрај нив можно е враќање на уште еден поранешен играч во редовите на црвено-црните, но за тоа потоа кога ќе биде потврдено евенуталното реализирање на истото ќе ве известиме.

Вардар до вице-шампионската титула дојде со следниот ростер: Дарко Димитровски,  Коста Ристевски, Георг Поп-Крстев, Згонц Маријан, Миле Димовски (капитен), Бранко Митиќ,  Влатко Гиевски, Тони Тодоровски и Стојановски.