Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Дишлиевски: Ми се исполни животниот сон, дебитирав за првиот тим на најтрофејниот македонски клуб, Вардар
Дишлиевски: Ми се исполни животниот сон, дебитирав за првиот тим на најтрофејниот македонски клуб, Вардар

Дишлиевски: Ми се исполни животниот сон, дебитирав за првиот тим на најтрофејниот македонски клуб, Вардар

Младиот играч на ФК Вардар, Оливер Дишлиевски веќе 12 години редовно тренира, но сеуште се усовршува на патот за успех во фудбалот кој многу го посакува. Тој е од градот Охрид, неговите почетоци за фудбалската игра се врзани за ФК Караорман, потоа минува во ФК А.Пандев-Охрид и ФК Е.Милк од Скопје, во сите екипи настапува со успех. Поради квалитетот конечно станува дел од Академијата на ФК Вардар, тој на црвено-црниот табор се приклучува во пролетниот дел од сезоната 2015/2016. Со успех настапуваше за пионерскиот, кадетскиот и младинскот  состав на црвено-црните, а вчера дочека и промоција во првиот тим на дуел во ПМФЛ. За своето деби тој вели:

Да се дебитира во Прва лига на млади  години е задоволство, а ако на тоа се додаде и дека тој деби настап е за клуб како што е Вардар сигурно не може да биде ништо друго освен исполнување на еден детски сон. Напорно тренирав и се подготвував за да ја искористам ваквата шанса на најдобар можен начин, кога и таа да ми се укаже. Ми се оствари сонот, дебитирав за најголемиот клуб во Македонија, повеќекратниот шампион Вардар.

oli2

На самиот почеток на вториот дел на вчерашниот меч со ФК Шкупи, Оливер дебитираше откако влезе на место на Велковски. Одигра зрело за еден млад фудбалер кој дебитира, играше на ниво во двата правци. Офанзивните задачи ги одработи перфектно, делеше топки и имаше успешни двојни проигрувања, а во одбраната пресече неколку топки на повозрасните противници.

Најпрвин би му се заблагодарил на нашиот тренер Бобан Бабунски што веруваше и ми пружи прилика да дебитирам, натпреварот беше исклучително тежок како поради тоа што игравме на гостински терен така и поради тоа што Шкупи беше дополнително мотивиран со тоа што имаше некаква шанса за излез во Европа. Мислам дека изиграв добар натпревар како во офанзива така и во дефанзива и дека ги исполнив барањата и очекувањата на тренерот. Овој натпревар е многу значаен за мене бидијќи позитивно влијае на мојата самодоверба, ми дава искуство а ќе ми биде и поттик за во иднина- вели Дишлиевски.

Михајло Тушевски