Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Пелистер противник во полуфиналето од лигата на црвено-црните девојки
Кошарка: Пелистер противник во полуфиналето од лигата на црвено-црните девојки

Кошарка: Пелистер противник во полуфиналето од лигата на црвено-црните девојки

Женскиот кошаркарски колектив по двата круга во првата лига сезоната ја заврши на втората позиција. Ние собравме 29.бода, победивме на 13 дуели и имавме само три порази, сите од шампионот Бадел 1862. Шампионките еднаш ги совладавме во лигата, а дојдовме и до победи на сите мечеви со другите екипи. Со ова си обезбедивме полуфинале во последната етапа од разигувањето за титулата.

Наш противник во овој дуел е екипата од Битола, тимот на ЖКК Пелистер, дуел во кој ние сме фаворитки. Досега сезонава дури пет пати игравме со зелено-белите девојки и обезбедивме исто толку триумфи. Четири пати во лигата и еднаш во полуфиналето од Купот кој потоа го освоивме против Бадел ги совладавме битолчанки. Овој меч  ќе се одигра викендов што следи, а со победа на тој натпревар се пласираме во финалето. Ова е прилика за “двојна круна“, бидејќи сезонава имаме веќе во нашите витрини пехар од Купот на Македонија, трофеј кој го браневме и успеавме две години по ред да го “обоиме“ црвено-црно.