Денес во хотелот Радисон Блу се извлече ждрепката за полуфиналните двојки, за завршниот турнир Ф4 во Лигата на Шампионите кој ќе се игра во Келн- Геманија.
Вардар го дозна својот противник во полуфиналето, ривал на Европскиот шампион е екипата на фанцуски Монпелје. Двете екипи имаат европска круна, нашиот полуфинален ривал е поранешен европски шампион.
Тие до Келн стигна од групите каде што играа тимови со послаб рејтинг. Сепак покажаа квалитет успеаа да ги исфрлат Флензбург и Барселона, а претходно и Адемар Леон. Во другиот полуфинален пар ќе играат останатите француски екипи, тимот во кој игра Кире Лазаров, Нант и ланскиот наш ривал од финалето екипата на ПСЖ.