Познат е патот до ново финале на Ф4 во Келн, Вардар ќе се сретне со Монпелје во полуфиналето во Келн на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Капитенот на црвено-црните, Стојанче Стоилов по ждрепката вели дека сите имаат еднакви шанси за круната.
Изминатиот Ф4 ние бевме аутсајдери, но годинава доаѓаме како европски шампиони и поинакво е чувството. Мораме да играме како шампиони, сите четири екипи се добри и не посакувавме некој тим посебно пред ждрепката за противник. Мислам дека сите имаме подеднакви шанси за титулата-вели Стоилов