Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Младинските категории на К.К Вардар со победи ја започнаа новата сезона
Младинските категории на К.К Вардар со победи ја започнаа новата сезона

Младинските категории на К.К Вардар со победи ја започнаа новата сезона

Изминатиов викенд започна новата кошаркарска сезона во младинските категории. К.К Вардар со победи ја отворија новата сезона, во сите младински конкуренции кои настапија во првото коло.

-К.К Вардар М-18 во првото коло немаа поголеми проблеми и забележаа убедлив триумф против екипата на Пинк Пантери. Конечниот резултат беше 94:72. Нашиот клуб се натпреварува во Б-1 групата, на кошаркари родени 1998-99 година. Во следното второ коло, го играме дербито против Мзт Скопје А.

-Триумф на стартот и за К.К Вардар М-16, кој беше поуспешен од тимот на Јуниор Скопје. Во салата на Кале, славевме победа со резултат 96:69. Оваа генерација игра во групата А, играчи родени 2000-2001 година. Следен противник за нашите момци е Водно Санс.

-Најмладата генерација која се натпреварува во првенството К.К Вардар М-14 го оствари најголемиот триумф во првото коло. Прегазена беше екипата на Феникс 2, со убедливи 88:33. Мечот се играше на Кале. Во второ коло, играме против Јуниор Скопје 1. Оваа се генерација родени 2002/3 и се натпреваруваме во групата А.