Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Две победи и два нерешени резултати за Вардаровите категории, во дуелите против Македонија Ѓ.П
Две победи и два нерешени резултати за Вардаровите категории, во дуелите против Македонија Ѓ.П

Две победи и два нерешени резултати за Вардаровите категории, во дуелите против Македонија Ѓ.П

Две победи и два нерешени резултати е епилогот, после комплетирање на осмото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник ни беше незгодната и пред се квалитетна екипа на Македонија Ѓ.П.

-Помладите пионери забележаа уште една важна победа, во бробата за врвот во лигата. Ниту гостинскиот терен во Ѓорче не им пречеше да освојат нови три бодови. Повторно на убедлив начин со висок резултат, овој пат од 0:8. Најдобриот стрелец Ибрахим Ариф четири пати ја тресеше мрежата на противникот, Виктор Петковски постигна хет-трик и еден гол за Давид Ристовски. Со овој триумф се зацврстивме на самиот врв на табелата.

-Пионерите пропуштија голема шанса со триумф да се најдат на првото место. На теренот во Ѓорче, нашите пионери одиграа 1:1 со своите врсници од Македонија Ѓ.П. Домашните поведоа први на овој дуел, но црвено-црните вратија со голот на Кренарт Дардиша. Конечниот резултат беше 1:1.

-Кадетите не дозволија никакво изненадување и на свој терен го победија противникот. Ја оправдаа очекувано фаворитската улога и славеа со резултат 2:0. Дејан Маркоски и Кирил Китановски беа стрелци на головите.

-Без голови одиграа младинците на Вардар и Македонија Ѓ.П. Иако важевме за “благи“ фаворити на овој меч, сепак не успеавме да освоиме три бода. Иако имавме поголем дел од играта и шанси, на крај моравме да се задоволиме со поделба на бодовите.