Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кирил Китановски: Се вративме повторно на победите и целиме за есенска титула
Кирил Китановски: Се вративме повторно на победите и целиме за есенска титула

Кирил Китановски: Се вративме повторно на победите и целиме за есенска титула

Кадетите на Фк Вардар (У 18) се вратија на победите во првенството, откако на домашен терен ја победија екипата на Македонија Ѓ.П. Ова беше осмо лигашко коло, а вкупно шести триумф за оваа генерација. Конечниот резултат гласеше 2:0, мечот се одигра на теренот на локомотива. Стрелци на головите беа капитенот Дејан Маркоски и Кирил Китановски. Мечот помина во доминација на црвено-црните, со поголем посед на топка и повеќе шанси за гол. Овој триумф е многу важен во продолжение од есенскиот дел, каде целта е да се стигне до првото место на табелата. Стрелецот на голот, Китановски во изјава за нашиот сајт вели:

-Натпреварот беше лесен како и што очекувавме , од самиот почеток ја контролиравме играта и во првото полувреме поведовме со 1-0 . Во вториот дел започнавме со исто темпо, противникот не можеше да го издржи притисокот и зголемивме на 2-0 кои беа конечни. Задоволни сме од играта што ја покажавме особено во второто полувреме , се вративме повторно на победите и целиме за есенска титула, изјави Кирил Китановски за нашиот сајт.

Фото: ТК Медиа

Звонко Ивановски