По шест години, повторно се враќаат возбудувањата на стадионот во Чаир. Точно поминаа шест години, од последниот натпревар на овие два тима, на стадионот каде што денеска повторно ќе си ги одмерат силите. Нашиот Вардар оди по ”одмазда” на Чаир, со оглед на тоа што чаирчани уште на стартот од ПМФЛ, му ”скинаа” два бода на нашиот тим.
Одиме на жешко гостување, но ние сме поквалитетен тим, па затоа мора да го замолкнеме полниот стадион во Чаир уште на почетокот. Машки, од срце за ФК Вардар, и победата не може да изостане.
Играјте од срце за Вардар!
Фото: fkvardar.mk