Вчера на терените на ФФМ , се одигра третото коло во рамките на детската лига. Свои настапи имаа Вардаровите генерации “2006“ предводени од Кралевски и “2007“ чиј тренер е Томче Трајановски.
Фк Вардар генерација “2006“ забележа една победа и еден нерешен резултат. Првиот тим на Вардар ремизираше со Форца. Иако поведовме со 1:0 и имавме многу неискористени шанси, казната стигна на спротивната страна, за израмнување на резултатот од 1:1 што беше и конечен. Единствениот стрелец за нашата екипа беше Давид Голубов.
Фк Вардар (1) Андреј Данчевски, Давид Голубов, Дарко Сековски, Дамјан Крстевски, Михаил Николов, Милош Спасовски, Андреј Стефковски, Максим Цониќ.
Веднаш потоа се одигра уште еден дуел, помеѓу вториот тим на Вардар и екипата на Кул. Поуспешни беа црвено-црните, победувајќи со резултат 3:2. Михаил Танчев постигна хет-трик на овој меч.
Фк Вардар (2) Лука Јаневски, Иван Блажевски, Данил Ордевски, Михаил Танчев, Никита Патаровски, Милош Проковиќ, Ангел Крстевски, Филип Спасовски.
Една победа и пораз за Фк Вардар генерација “2007“ кој ја предводи Томче Трајановски.
Првиот тим на оваа генерација беше убедлив во дуелот со своите врсници од Шкупи. Конечниот резултат гласеше 6:0. Целосна доминација на нашите момчиња, кои одиграа одличен натпревар. Марко Киш постигна хет-трик, Петар Мицевски два гола и еден дело на Михаил Јордановски.
Вториот тим пак загуби во натпреварот со Нова Колонија. Марко Крстевски беше стрелец на единствениот гол за Вардар. Конечниот резултат гласеше 1:2.