Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Дожд од голови во Ѓорче, помладите пионери со 0:8 ја победија Македонија Ѓ.П.
Дожд од голови во Ѓорче, помладите пионери со 0:8 ја победија Македонија Ѓ.П.

Дожд од голови во Ѓорче, помладите пионери со 0:8 ја победија Македонија Ѓ.П.

Помладите пионери продолжуваат со имресивните резултати во новата сезона. Во рамките на 8 првенствено коло, противник на црвено црните беше екипата на Македонија Ѓ.П. Дуелот се играше на теренот во Ѓорче и заврши со неверојатен резултат од 0:8. Ибрахим Ариф постигна 4 голови, Виктор Петковски даде хет-трик и еден гол за Давид Ристовски.

Помладите пионери ја остварија вкупно седмата победа и се наоѓат на првото место на табелата. Уште по првото полувреме, беше јасно кој ќе ги освои трите бодови. Натпреварот започна со шанса на Чурлинов од корнер, кој биеше со глава покрај голот на домаќинот. Во продолжение следуваше голеада на Ибрахим Ариф кој успеа да постигне дури четири голови. Голгетерската серија во мрежата на противникот, ја продолжи Виктор Петковски кој даде три голови и го зголеми резултатот на 0:7. До кјраот на првиот дел судијата ни поништи гол од скратен корнер. Со овој резултат се замина на одмор.

Во второто полувреме, избраниците на Сашо Јанев умешно ја контролираа играта на средината и не дозволуваа противникот да се разигра. Филип Манасиевски имаше можност од скратен корнер да погоди, но неговиот удар заврши непрецизно. Осмиот и последен гол на овој меч беше дело на Давид Ристовски кој погоди од белата точка. Претходно беше направен прекршок, над Мартин Спировски. Вардарци имаа можност за уште еден погодок, сепак Кристијан Атанасовски не успеаа од пенал да го совлада противничкиот голман. Последниот обид за гол ја имаше Самир Хасиќ, но неговиот удар заврши во рацете на голманот на Македонија Ѓ.П. Оваа Вардарова генерација продолжува со добри игри и резултати и сигурно чекори кон главната цел на крајот од сезоната.