Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ! Зубаиров е добар ја напушти интезивната нега, им се заблагодарува на фановите за поддршката
БОРЕЊЕ! Зубаиров е добар ја напушти интезивната нега, им се заблагодарува на фановите за поддршката

БОРЕЊЕ! Зубаиров е добар ја напушти интезивната нега, им се заблагодарува на фановите за поддршката

Дефинитивно најлошото е веќе одамна минато, одлично се одвива процесот на опоравување од здобиените повреди во немилот настан на нашиот црвено-црн борач Халил Зубаиров. По последните информации кој стигаат од болницата во неговиот роден град Махачкала тој ја напушти “интезивната нега“ и се наоѓа на едно од оделенијата на клиничката болница во главинот град на Дагистан-Русија.

Се очекува нашето “бронзено“ момце од последното европско првенство У-23 во борење до крајот на идната недела да биде пуштен на домашно лекување. Младиот репрезентатвец на Македонија и член на Вардар Халил испрати поздрави да ги пренесеме до нашите читатели и искажа голема благодарност за поддршката укажана во моментите кога неговата состојба беше критична, а неговиот живот во голема опасност.