Овој викенд пионерите на ФК Вардар имаа дуел во населбата Ѓорче Петров, против врсниците од екипата на Македонија ЃП. На овој натпревар нашите момчиња не успеаа да победат, резултатот од овој натпревар на крајот гласеше 1:1. Натпреварот се одигра од 11 часот, на тревникот зад главното игралиште на ФК Македонија Ѓорче-Петров.
Натпреварот започна изедначено, и двете екипи имаа свои добри минути, кога едните напаѓаа, а другите се бранеа. Нашите момчиња по се изгледа налетаа на ”тврд” противник денеска. Пионерите денеска имаа убави прилики за постигнување на повеќе голови, но не успеаа да ја затресат мрежата на домашниот голман повеќе пати. На полувреме резултатот беше 1:1, први поведоа домаќините на овој дуел, но за кратко нашите играчи израмнија. Се чинеше најубавата можност на натпреварот за предност, ја имаше главниот напаѓач на вардарци Марко Ѓоргиевски, тој при еден напад успеаа да излезе ”очи во очи” со противничкиот голман но за жал не успеаа да го совлада, од оваа ”зицер” шанса. Да напоменеме дека и домаќините имаа добри шанси на овој дуел. На крајот натпреварот заврши 1:1. Стрелец за Вардар беше Кренарт Дардиша.