Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ”Билдањето” заврши, следуваат клучните натпревари
”Билдањето” заврши, следуваат клучните натпревари

”Билдањето” заврши, следуваат клучните натпревари

Поради репрезентативните настапи, минатата недела немаше возбудвања во ПМФЛ, односно екипите ”одмараа”. Но тоа не беше така и во редовите на нашиот шампион. Сите играчи кои немаа обврски кон своите репрезентации, сериозно се подготвуваа за најважните два дуели, што ни престојат до крајот на оваа календарска година. Како што може да се забележите и на фотографијата, покрај редовните тренинзи, нашите момци својата форма ја ”билдаа” и во теретана. Како што е добро познато, освен напорните тренинзи секој ден, нашите момци одиграа и тест меч со Македонија ЃП, кој го добија со резултат 3-1.

Утре ФК Вардар и гостува на екипата на Слога, додека пак следниот викенд, дома ја пречекуваме екипата на Шкендија.

Фото: fkvardar.mk