Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Одиме на “трета среќа“ за прва Европска титула
Одиме на “трета среќа“ за прва Европска титула

Одиме на “трета среќа“ за прва Европска титула

Вечерва со почеток од 20:15 часот во С.Ц. Јане Сандански, Вардарки ја започнуваат својата трета сезона во најголемото ракометно натпреварување. Црвено-црните ќе се обидат во својот трети пат да стигнат до толку посакуваното финале на лигата на шампионите и освојувањето на првиот Европски трофеј. Во претходните две сезони, на патот кон остварување на целта ни се попречуваше Будуќност од Подгорица. Сепак и бронзените медали се успех за екипа која почна да се формира пред три години.

Сепак почнува нова сезона, очекувањата и амбициите остануваат исти. Повторно ќе биде многу тешко, бидејќи конкуренцијата за врвот станува поголема. Вардар, Ѓер, Будуќност и Ларвик, добиваат конкуренција во романските екипи, кои исто така имаат големи очекувања. Баја Маре и ЦСМ Букурешт направија силни тимови и се очекува заедно со Ростов Дон да го затворат кругот на потенцијални учесници на завршниот турнир во Будимпешта. Уште на стартот имаме силен тест и проверка на нашата форма и квалитет. Во Скопје доаѓа силниот Ѓер, кој во новата сезона е драстично засилен. Лин Суланд и Зузана Томори се најзвучните имиња кои им се приклучија на Горбич и Аморим. Ако тука се додадат и двете Холандски репрезентативки, станува јасно колку различен ќе биде овој тим од претходната сезона. Само за потсетување, нашите девојки се стретнаа со овој противник во 1/4, кога еднаш победивме и одигравме нерешено, што беше доволно за наше второ учество на Ф4.

Нашиот шампиоон, пак направи мали промени во тимот. Беа доведени Дамњановиќ и пикерот Човиќ, која е замена за Фернандез која го напушти клубот. Повторно се очекува нашата најголема сила да биде голманскиот тандем Суслина-Лејно, кој беспрекорно функционираше изминативе две години. Тука се Пенезиќ, која беше најдобар стрелец претходната сезона, како и Лекиќ и Лазовиќ. Радичевиќ се врати на теренот после краткото отсуство, поради повреда. Дембеле игра одлично и нејзината улога во нападот и одбраната е голема. Алтхаус исто така одлично се вклопи во оваа балканска екипа и се очекува да понесе голем товар во двата правци на игра. На клупата го имаме “стариот лисец“ Питлик потпомогнат од играчкото искуство на Кастратовиќ. Ако се функционира како една целина, не би требало повторно да претставува проблем да се најдеме во најдобрите четири тимови. Тука веќе нема фаворити и посилни екипи, во еден натпревар секој може секого да победи. Бидете вечерва на отварањето и првиот настап во новата сезона за женскиот ракометен шампион.