Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Најава на вардаровиот викенд
Најава на вардаровиот викенд

Најава на вардаровиот викенд

За прв пат оваа сезона, не очекува викенд на три фронта. Од оваа недела на програмата се враќаат и девојките на Вардар, со своите нови предизвици во најелитното натпреварување Лигата на шампионите.

Најпрвин, ЖРК Вардар вечерва од 20 часот и 15 минути, во својата сала го пречекува унгарски Ѓер. Ова е воведниот натпревар на долгата сезона што престои за нашите девојки. Дојдете во сала да ги бодриме вардарки кон нови успеси и оваа сезона.

ФК Вардар в недела од 14 часот и 30 минути и гостува на Слога, во рамките на новото коло во ПМФЛ. Нашиот тим гостува на Чаир по пауза од цели шест години. Се надеваме дека момците на Седлоски ќе одиграат машки меч, и ќе донесат три бода од Чаир.

И, за крај, РК Вардар од 16 часот и 50 минути, исто така во недела, игра меч од петтото коло во ЛШ, и тоа во Данска против данскиот шампион екипиата на Колдинг. На овој натпревар ќе бидеме ослабени без 3 стандардни играчи, но ние сме Вардар и одиме на победа и на ова гостување.