Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар јуниор го совлада Тинекс Пролет на гостински терен
РК Вардар јуниор го совлада Тинекс Пролет на гостински терен

РК Вардар јуниор го совлада Тинекс Пролет на гостински терен

Младите вардарци  беа поуспешни  во градското суперлигашко дерби тимот на РК Тинекс Пролет 62. Овој меч беше дел од шестото коло во домашната лига каде црвено – црните имаат половичен успех во досегашниот дел од сезоната, односно три победи и исто толку порази. Екипата на Вардар Јуниор мечот го доби  со конечни  25-29, а на полувреме резултатот на семафорот беше (11-13).

Почетокот му припадна на домаќинот од скопската населба Пролет, тој водеше во првите две третини од првиот дел, најмногу предноста на Тинех Пролет одеше до три погодока првин 9-6 а подоцна и 10-7. Избраниците на Пепи Манасков ги консолидираа својте редови во финишот на првиот дел и успееа да направат пресврт. Во последните десетина минути од мечот со одлична игра во дефанзива и казнување на грешките на противникот нашите јуниори направија серија од 1-6 со што го свртеа резулатот во наша полза, на одмор се отиде со два позитива за нашиот тим  11-13. Вториот дел започна како што заврши првиот младите надежи на црвено-црните повторно во налет нашите момци постигнуваат два гола на брзина и сега серијата изнесува 1-8 , со што се наговестува победата за гостите во тој момент резултатот на семафорот беше 11-15. Докрај нашите надежи го зголемуваа водството и до максимум шест гола и тоа на неколку наврати, предноста до крајот варираше од четири,пет до максимум шест гола предност за црвено-црните. Сепак во финишот домаќините успееа да загубат со  помала негатива од само четири гола, мечот заврши  25-29.

Најистакнати кај РК Вардар јуниор на овој меч беа: Голманот Чаневски со 14-одбрани, Чурлевски 7-гола, а  Јовчевски запиша 6-погодоци.