Нашиот тим денеска од 14 часот и 30 минути го игра возвратниот натпревар од фудбалскиот куп на Македонија против битолски Пелистер. Речиси сигурно, нашиот тим ќе оди во наредната 1/4 финална рунда од купот, но тоа мора да се одработи денеска во Прилеп, и со победа да се вратиме и од ова гостување. Со оглед на фактот што ФК Вардар има три гола предност, речиси сигурно е дека шефот на стручниот штаб Седлоски ќе направи многу измени во тимот, од првиот натпревар. На голот треба да стартува Гачевски, и сите останати играчи кои имаат помала минутажа во првенството, на овој натпревар треба да бидат во главна улога.
Мало потсетување: Овој натпревар ќе се одигра во Прилеп, не во Битола. Главен судија ќе биде прилепчанечот Спиркоски.
Фото: fkvardar.mk