Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Комити > Нова пресметка во ЛШ, Комити мобилизација
Нова пресметка во ЛШ, Комити мобилизација

Нова пресметка во ЛШ, Комити мобилизација

Овој викенд на гости во Скопје доаѓа ”должникот” од минатата сезона, шампионот на Полска, екипата на Киелце. По тој повод, навивачката група на Вардар, популарните Комити објавија инфо за престојниот натпревар. Ви го пренесуваме истото:

Нашите стари должници,екипата на Киелце,повторно во скопскиот црвено црн пекол !!! Натпреварот се игра во 17.30 ч. во Сабота,а билетите за навивачката група ќе се продаваат на самиот влез на салата (влезот за навивачката трибина) ,по симболична цена од 100,00 денари.

НАПОМЕНА !!!

Трибината е приспособена само за стоење,т.е. отстапена во целост за потребите на навивачката група “Комити Запад”,затоа повик до сите што се поистоветуваат со зборот “ultras”,да дојдат и од срце и од душа да дадат придонес за создавање стравично-добра атмосфера за која се збори само во суперлативи !!!

Со почит,

Комити Запад !