Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рк Вардар и понатаму е лидер во групата Б на ЛШ
Рк Вардар и понатаму е лидер во групата Б на ЛШ

Рк Вардар и понатаму е лидер во групата Б на ЛШ

Вардар загуби на гостувањето против Колдинг, но сепак го задржа лидерското место во групата Б, од лигата на шампионите. Тоа воедно беше и првиот пораз за црвено-црните во најголемото натпреварување и воопшто во новата сезона. Можеби пропуштивме прилика со нови два бода да се зацврстиме на таа прва позиција, но Колдинг останува зад нас. Во другите натпревари кои се одиграа во нашата група, во дербито Киелце и Барселона ги поделија бодовите играјќи нерешено. Иако Полскиот првак има за што да жали, бидејќи пропушти ттриумф во последните секунди од мечот. Рајн-некар беше сигурен на свој терен против Пик Сегед и победи со резултат 30:25. Кристијанштад имаше водство по првиот дел, но сепак го загуби дуелот во Франција, против тимот на Монпелје.

Вака изгледа табелата, псоле одиграни пет кола во оваа група:

1. Вардар 8

2. Барселона 7

3. Рајн-некар 7

4. Киелце 6

5. Пик Сегед 4

6. Монпелје 4

7. Кристијаншад 2

8. Колдинг  2

Распоред на натпревари во 6 коло:

Вардар-Киелце 24.10  17:30

Кристијанштад-Рајн некар 22.10 19:30

Барселона -Колдинг  24.10  20:05

Пик Сегед-Монпелје 24.10  17:00