Младинците на Фк Вардар одиграа без голови 0:0, против екипата на Македонија Ѓ.П. Иако се очекуваше сигурна победа од овој дуел, тоа не се случи па на крај мораше да се задоволиме со поделба на бодовите.
Мора да жалиме за пропуштените прилики за постигнување на гол, кои требаше да ги реализираме. Имавме поголем дел од играта кој беше стациониран на половината на противникот. Македонија Ѓ.П умешно се бранеше, својата шанса ја чекаше од контра-напади, но беа сконцентрирани пред се на дефанзивните задачи. Среќата не беше на наша страна, иако требаше барем еднаш да ја затресеме противничката мрежа. Ваквите натпревари во кои си фаворит се најтешки за играње, доказ за тоа е токму овој дуел. На крајот заврши натпреварот, како и што почна без погодок на двете страни. Ова е втор нерешен резултат за црвено-црнте, откако во првото коло ремизираа и со екипата на Работнички.
Младинците на овој меч настапија во следниов состав: Трајчевски, Јошевски, Чукалевски, Исмаил, Ричков, Личина, Димитровски, Додевски, Беќири, Димков и Даци.
Во игра влегоа уште: Кристијан Апостоловски, Стефан Тасевски и Едис Хамзиќ.