Без поголеми проблеми и во третото коло на детската лига, за Вардаровите генерации “2002“ и “2003“. Двете екипи забележаа нови убедливи победи.
Фк Вардар генерација “2002“ предводена од Павел Неделковски не дозволи изненадување во дуелот против Милано. Конечниот резултат гласеше 4:о, што беше актуелен уште по првото полувреме. По два погодоци постигнаа Марио Илиевски и Дарко Димитров. Ова е трета победа за оваа генерација, во исто толку одиграни мечеви во новата сезона на детската лига.
Нови бодови во ова натпреварување, освоија и Вардаровата генерација “2003 , чиј тренер е Ане Андоновски. Совладана беше екипата на Фортуна, со резултат 3:0. Стрелци на головите беа: Марио Петрушевски, Филип Геoргиевски и Дaриo Јoвaнoвски.
Сите натпревари се играаат на терените на фудбалската федерација на Македонија, со времетраење од 30 минути во едно полувреме.