Второ коло по ред Тимур Дибиров се наоѓа во изборот на најубави пет погодоци на колото во ЕХФ Лигата на шампионите. Повторно голот е постигнат на атрактивен начин со “цепелин“ овој пат асистент беше хрватот Игор Карачиќ.
Голот постигнат на вчерашниот дуел во рамки петото коло од ЛШ со Колдинг на кој неочекувано бевме поразени се најде на шампионската прва позиција за најубав гол на колото. Летачкиот русин заедно со Македа беа најдобри стрелци на вчерашниот меч со по 7 постигнати голови кој за жал не беа доволни за позитивен резулат од овој меч. Видео од изборот топ-5 за најубав погодок ќе може да го погледнете- ТУКА