Изминатиов викенд беа одиграни нови натпревари во рамките на младинската лига (М-20). Нашите млади надежи им се вратија на победите по неуспехот во дербито против КК Работнички. Во саботата нашиот тим како гостин го совлада убедливо тимот на КК Водно Санс со резултат 95:50.
Ова беше шестта победа за вардарци, од вкупно осум одиграни натпревари. И натаму нашиот тим останува на втората позиција на табелата. Овој викенд Вардар игра против ФМП Академија на домашен терен.