Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тодоровски, Стојчевски и Колевски повикани за Македонија У-18

Тодоровски, Стојчевски и Колевски повикани за Македонија У-18

Македонската репрезентација до 18 години ќе одигра два контролни натпревари против Црна Гора на домашен терен, а кон крајот на месецот селекцијата предводена од Вујадин Станојковиќ оди на турнеја во Летонија.

На списокот на селекторот Вујадин Станојковиќ за двата подготвителни средби со Црна Гора и за турнирот што ќе го одиграме во Летонија се најдоа следните три  Вардаровите фудбалери:  Тодор Тодоровски, Филип Стојчевски и Бојан Колевски.  Натпреварите против Црна Гора се играат во вторник и четврток идната надела, а турнирот во Летонија е кон крајот на месец март. Целиот список изгледа вака:

Голмани: Стефковски (ФК Скопје)и Иљази Артан (ФК Милано); Одбрана: Фаќиќ Мариса (ФК Работнички),Маневски Михаил, (Академија Пандев), Тодоровски Тодор (ФК Вардар),Ристовски Кирил (ФК Работнички), Кировски Андреј (ФК Сесвете) и Митров Антонио (ФК Црвена Звезда); Среден ред: Деловски Христијан (ФК Академија Пандев), Стојчевски Филип (ФК Вардар), Митровски Димитар (ФК Спортинг), Елмас Ељиф (ФК Работнички), Феруковски Марко (ФЦ Офенбах Кикерс), Маневски Бане (ФК Локомотив), Фазлагиќ Енес (ФК Шкендија), Зејундали Арбен (ФК Шкендија); Напад: Трпановски (ФК Академија Пандев), Станковски Марио (ФК Работнички) и Колевски Бојан (ФК Вардар)