Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Петранка Петревска:-Највпечатливо во “Јуниор“ лигата е желбата за постигнување на победа и добивање на поголемо искуство од натпревар во натпревар

Петранка Петревска:-Највпечатливо во “Јуниор“ лигата е желбата за постигнување на победа и добивање на поголемо искуство од натпревар во натпревар

Дефинитивно најновиот проект на ракометниот клуб Вардар донесе новитети во Македонија за сите деца кои сакаат да се занимаваат со ракомет. Со “Јуниор лигата“ се зголеми интересот за играње ракомет, а токму ова натпреварување им ја исполнува желбата на сите да започнат да се занимаваат со овој спорт. Целта е да се обединат сите ракометни школи од цела Македонија во една лига, а најдобрите играчи да бидат дел од ракометниот клуб Вардар. Сите услови да бидат тоа што сега го сонуваат, го имаат токму преку Јуниор лигата, која е во целосна организација на најголемиот клуб во Македонија. Во следниов текст ве запознаваме со Петранка Петревска кој настапува за ракометната школа РК Вардар ДБ, генерација 2004/05, на позицијата голман

1. Како се случи да се занимавате со ракомет, зошто баш позицијата голман и кога беа вашите први почетоци?

-Кога имав девет години отидов со татко ми да гледам ракомет кога играше нашиот Вардар со Митјиланд, од тогаш почна мојата желба за ракомет. Јас почнав да тренирам пред скоро две години. Почнав со позицијата среден бек, потоа продолжив со пикер, но во мене се појави желба да бидам голман бидејќи идол ми беше Амандин Лејно и еден ден сакам да бидам како неа.

Како функционира вашата школа РК Вардар ДБ ?

-Нашата школа Вардар ДБ, е поделена во три групи, Кавадарци, Родоман и Градско, од кои во “Јуниор“ лигата учествуваат само Росоман и Кавадарци. Во изминативе две недели почнавме со посериозни тренинзи и се виде напредок на нашата екипа.

3. Кое е вашето мислење за “Јуниор“ лигата и колку истата има значње за вас како школа и Македонскиот ракомет ?

-Проектот за “Вардар Јуниор лигата“ е супер. Оваа лига има големо значење за нас младите затоа што таму можеме да го покажеме нашиот талент, колку ние најдобро можеме да изиграме.

4. Засега се одиграа седум кола во “Јуниор“ лигата. Колку сте задоволни од постигнатите резултати ?

-Ние сме на шестото место на табелата и не сум задоволна од досегашните резултати, затоа што сметам дека можеме многу повеќе, ќе се потрудиме да го докажеме тоа во наредните кола.

5. Што е она највпечатливото во овој проект на РК Вардар ?

-Највпечатливо во оваа лига е желбата за постигнување на победа, добивање на поголемо искуство од натпревар во натпревар и најдобрите од сите нас можат да влезат во селекцијата на академија Вардар.

6. Која е вашата цел преку настапите во “Јуниор“ лигата ?

-Мојата цел преку настапите на Јуниор лигата е да можам да придонесам добри резултати, да се стекнам со поголемо искуство и секако моја желба е да се видам во сениорскиот тим на ЖРК Вардар.

7. Бевте дел од зимскиот турнир, колку истиот за вас беше искуство ?

-Турнирот беше на високо ниво, ни овозможи да играме во големите сали каде се играат натпреварите од лигата на шампиони. Благодарение на Ракометната Академија Вардар се открија многу нови таленти кои настапуваат во младинските тимови на Вардар, но најважно е што се дружиме и стекнавме нови искуства.

Звонко Ивановски