Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење! Нашите репрезентативци ги завршија висинските подготовки во Шведска (ВИДЕО)
Борење! Нашите репрезентативци ги завршија висинските подготовки во Шведска (ВИДЕО)

Борење! Нашите репрезентативци ги завршија висинските подготовки во Шведска (ВИДЕО)

За да ја смениме моменталната слика на боречкиот спорт во Македонија, ги поканивме на прв собир сите најквалитетни Македонски борачи од кои се очекуваат медали на меѓународно ниво, да работат и тренираат со стручни лица и соодветни услови за тренинг. Навистина жално е до какви сознанија дојдовме за моменталната спортска форма на борачите, репрезентативци, во кои се вложувале средства.

bk2

Веќе е март месец, а ФБСМ немаше и нема никаква стратегија изградено за задоцнетите ( или не се во состојба да организираат никакви ) подготовки за учество на Европско У-23 во Сомнотелј, Унгарија 28март, и Европското за сениори на 2 мај во Нови Сад, Србија.
Сите сакаме да победуваме, но до медал се доаѓа со стручна работа, одрекување и многу пролеана пот. Жално е што некој од ФБСМ незнае да изврши вистинска проценка во кои борачи да се вложуваат средства, за да се овозможат соодветни услови, борачите да леат пот под стручен надзор на докажани стручњаци , а не самопрогласени лаици. Борењето одамна не трпи импровизации – стана наука. Треба да се знае, да се може и да се верува во тоа што се работи. Преку ноќ, до медал не може да се стаса, туку со правилна стручна работа, а не само со зборови и импровизации.
Можеби и Македонија ќе произведе уште некој Олимписки Шампион. Подготовките организирани од БК ВАРДАР и учеството на солидниот турнир во Вестерос ( Мелларкупен ) ги оценуваме како многу успешно спроведени. Од БК ВАРДАР можеме слободно да најавивме дека стручно и правилно сме ја подигнале формата на борачите и ќе атакуваме на медал со Владимир Егоров на Европското У23 до 57кг и сениорското Европско во мај со 57кг Владимир Егоров 86кг Халил Зубаиров 97кг Могамедгаџи Нуров Апелираме до раководството на ФБСМ да обрне внимание дека 70% од составот на евидентните репрезентативци не се во тренажен процес или се сериозно повредени.

Спортски Директор на БК ВАРДАР МИРКО ДИМЧЕВСКИ