Одлично издание на младите момчиња на КК Вардар (М-14) кои успеа да направат подвиг и да се пласираат во големото финале на националното првенство во своја категорија. Во полуфиналето Вардар (М-14) го победија Работнички со 2-1 во добиени натпревари. Во мајсторката на домашен терен противникот беше совладан по продолжение 92:88 откако во регуларниот дел беше 79:79. Претходно во полуфиналната серија Работнички поведе со 1-0 откако славеше победа во Кале со 87:74. Младите „вардарци“ се вратија во полуфиналето со триумфот во Градски парк од 84:77 и изедначија на 1-1. Воедно тоа беше првата победа над Работнички оваа сезона откако во регуларниот дел од лигата (во групата) Работнички имаше две „тесни“ победи: 88:85 и 81:79.
Во финалето Вардар ќе игра против екипата на Феникс, која последните сезони во неколку возрасни категории игра во завршницата и имаат освоено неколку шампионски титули во младинските лиги на МКФ.
Финалната серија се игра исто така во два добиени натпревара, а првиот дуел се игра во Кале каде домаќин е тимот на Вардар.