После завршување на последното коло од Супер-лигата, против екипата на Радовиш ќе бидат доделени медалите и пехарот за најуспешниот тим во во првенството за оваа сезона. Мечот со Радовишани ќе се одирга во малата сала во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 17 часот.
За црвено-црните остануваат уште два натпревари за одигрување, за и формално да заврши оваа натпреварувачка сезона. Веќе утре не чека дербито во салата во Автокоманда, со нашиот стар должник, екипата на Металург. Вардар треба да освои уште еден бод од овие два дуели за и теоретски да ја освои Шампионската титула.