Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Значајна победа за кадетите на ФК Вардар во борбата за титулата
Значајна победа за кадетите на ФК Вардар во борбата за титулата

Значајна победа за кадетите на ФК Вардар во борбата за титулата

После освојување на купот на Македонија, кадетите продолжија со настапите во првенството и борбата за титулата. Денес забележаа нова убедлива победа на домашен терен, против екипата на Турново. Конечниот резултат беше 8:0. Ердон Даци постигна хет-трик. Покрај него во листата на стрелци се запишаа и Дејан Маркоски(2), Јаир Беќири(2), и Есмин Личина.

Оваа генерација ја оправда фаворитската улога на овој меч, па не пропуштија ништо на случајноста. Уште од самиот почеток атакуваа на голот на гостите, па крајниот висок резултат беше сосема заслужен. По првото полувреме,беше веќе јасно кој ќе ги освои трите бода од овој дуел. На одмор се замина со предност од високи 4:0.

Ништо ново не се случување во вториот дел, кога се однесува за тоа кој ја имаше играта и иницијативата. До крајо на мечот беа постигнати уште четири погодоци и тоа сите во мрежата на гостинот од Струмица. Тренерот Марковски во првиот тим му даде шанса на капитенот на пионерите Маркоски, кој целосно ја оправда неговата доверба. Маркоски успеаа да постигне два погодоци. Во следното коло, црвено-црните имаат гостување, против екипата на Дрита.

Фото: ТК Медиа