Првиот противник на Вардар на летните подготовки во Австрија ќе биде руската екипа на Терек од Грозни. Оваа пријателска средба е веќе договорена, и ќе се одигра во интервал од 18 до 20 јули.
Екипата на Терек се наоѓа на 9-та позиција во силната Руска лига, инаку првенството и во русија и при самиот крај, односно останува уште еден натпревар да се одигра овој викенд.
Останува да видиме со кој други противници Вардар ќе договори пријателски средби на летните подготовски за Лигата на Шампионите.
Инаку тимот оди втора година по ред во Австрија, оваа година ќе замине на 17 јуни, се враќа на 3 јули, поради обрвските со настапот во Лигата на Шампионите.
Ги чекаме другите можни противници, и новите засилувања!