Престојниот викенд на Националната Арена Филип Втори Македонски ќе се одржи финалето на атлетcкиот куп на Република Македонија Нашиот атлетичат Петре Завировски ќе биде единствениот кој ќе настапии ќе ги брани светите црвено-црни бои на Вардар на оваа манифестација.
Завировски ќе настапи во две дисциплини и тоа трката на 5,000 метра и таа на 10,000 метра. Бидејќи нашиот друг атлетичар Марко Ивановски се уште мака мачи со својата повреда која веќе подолг период го мачи и го држи надвор од атлетиката единствен преставник и надеж за црвено-црн медеал ни останува Завировски.