Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците со “петарда“ го испратија Турново дома- Виктор Јовановски: Можевме да победиме и со поголем резултат

Младинците со “петарда“ го испратија Турново дома- Виктор Јовановски: Можевме да победиме и со поголем резултат

Младинците на Фк Вардар денеска го одиграа 19 коло во рамките на првенството. Беше забележана убедлива победа од 5:1, против екипата на Турново. Мечот се одигра на теренот на Локомотива. Стрлеци на головите беа: Ѓорѓи Малов(2), Миомир Матиќ, Тони Мирчевски и Виктор Јовановски. По првото полувреме заминаа со предност од 3:1. Во последните три првенствени кола, оваа генерација забележа две победи и еден нерешен резултат. Деби гол оваа сезона зад името на Виктор Јовановски, кој оваа година има забележано пет настапи за младинскиот тим.

-Ова е мојот прв погодок оваа сезона. Задоволен сум од мојата игра иако имав и неколку грешки. Важно е што забележавме триумф, иако резултатот можеше да биде изразен и со повисока разлика. Среќен сум што тренерот ми даде шанса да се докажам и мислам дека правилно ја искористив. Се надевам дека ќе добијам прилика да играм и на следниот натпревар, каде повторно одиме на победа, изјави Јовановски за Вардарфанс.

Звонко Ивановски