Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Ердон Даци: Верувам дека можеме да се закитиме со двојната титула

Ердон Даци: Верувам дека можеме да се закитиме со двојната титула

Уште една победа и нови три бода за кадетската екипа на Фк Вардар, во 19 коло од првенството. Денес убедливо беше совладана екипата на Турново со високи 8:0. Три голови на овој меч постигна Даци, по два гола Маркоски и Беќири и еден Личина.

-Со оглед дека за шест дена одигравме три тешки натпревари, бевме многу исцрпени. Само три дена после освоениот куп каде го дадовме максиумот, малку ни се одрази во играта во првите 20 мин каде не успеавме да поврземе акција. После голот на Беќири се ослободивме од притисокот и почнавме да играме многу подобро. Како резултат на таквата игра, следуваа два мои погодоци и пенал кој беше направен над мене, кој успешно го реализираше Личина. Така на полувреме заминавме со предност од 4:0. Во вториот дел продолживме да напаѓаме, успевајќи да постигнеме уште четири голови во мрежата на противникот.

 После победата на Работнички над Шкендија, бодовната разлика меѓу Вардар и екипата од Тетово е пет бода во корист на нашата екипа.

-Голема работа ни заврши екипата на Работнички која го победи нашиот најголем конкурент, тимот на Шкендија. Овој нивни резултат ни овозможи голема предност, па крајот на првенството можеме да го доиграме спокојно. Верувам дека можеме да се закитиме со двојната титула, која дефинитивно ја заслужуваме оваа сезона. Честитки до моите соиграчи за добрата игра на денешниот дуел, изјави Ердон Даци за нашиот сајт.

Звонко Ивановски

Фото:ТК Медиа