Екипата на Турново, беше лесен залак за младите надежи на Фк Вардар. Во рамките на 19 коло од првенството, избраниците на Петар Ѓоргиевски забележаа убедлива победа со резултат 5:1. Два погодоци на овој дуел постигна Ѓорѓи Малов. По еднаш во листата на стрелци се запишаа и Виктор Јовановски, Миомир Матиќ и Тони Мирчевски.
-Овој натпревар беше тежок, иако резултатот не го покажува тоа. Започнавме лошо, имавме негатива од еден погодок. После примениот гол заигравме подобро, прикажавме многу подобра игра. На овој дуел одлучи поголемиот наш мотив и квалитетот кој несомнено беше на наша страна. Среќен сум што со моите погодоци помогнав екипата да забележи триумф. Работам напорно и се надевам дека ќе забележиме добри резултати и во преостанатите три натпревари, изјави Ѓорѓи Малов за нашиот сајт.
Звонко Ивановски