Кадетите на Фк Вардар се на само еден чекор до освојување на титулата во првенството. Вчера избраниците на Љупчо Марковски ја оправдаа фаворитската улога, остварувајќи висок триумф против екипата на Турново (8:0). Она што е многу поинтересно е тоа што нивниот најголем конкурент за трофејот, екипата на Шкендија направи кикс доживувајќи пораз во дуелот со Работнички. Овој неуспех на тимот од Тетово, им овозможи на нашите надежи да ја зголемат бодовната предност на табелата, сега на високи пет бода разлика. Со оглед дека до крајот на сезоната, остануваат уште три првенствени натпревари, кадетите се многу блиску до освојување на двојната титула.
До крајот Вардарци треба да гостуваат тому против Шкендија( во последното коло), потоа против Дрита, а на домашен терен ја пречекуваат екипата на Шкупи. Шкендија ја очекува уште еден тежок меч, против третеопласираниот Металург. Шансите се многу поголеми за црвено-црните, кои треба да ги одработат уште овие три дуели па да му се препушатат на големото славје. Со оглед дека веќе го освоија купот, а во првенството имаат доживеано само еден неуспех и повеќе од заслужено ќе се закитат со двојната круна.
Фото:ТК Медиа