Полека се спушта завесата на уште една ракометна сезона во Супер лигата. Денес не очекува нов дерби натпревар помеѓу екипите на вардар и Металург. Црвено-црните на овој меч и дефинитивно имаат шанса да ја потврдат титулата. Од друга страна, тимот од Автокоманда е во грчевита борба за пласман на второто место и учество следната сезона во Сеха-лигата. Капитенот Лазаров најавува сериозен максимален пристап во мечот без никакви калкулации.
-Ние си имаме цел, а тоа е со максимален ефект да си ја завршиме сезоната и не нѐ интересираат туѓите калкулации за второ место. Знаеме сите дека сме имале проблеми од минатите години во Автокоманда, затоа ќе имаме еден максимално сериозен пристап.
Вардар оваа година на домашен терен високо ја порази екипата на Металург , исто така ја совлада и во финалето на купот на Македонија.
-Натпреварот од Купот малку не предупреди, всушност тоа ќе ни даде дополнителна мотивација утре. Не дека тогаш не сакавме да играме, туку едноставно го контролиравме мечот и резултатот цело време, но ни недостасуваше желба за повеќе, за поубедлива победа, изјави Лазаров за официјалниот сајт на клубот.